Унгарската снимателка ќе ги тужи мигрантите

Од:

Петра Ласло, унгарската снимателка која беше во центарот на вниманието на јавноста откако клоцаше бегалци на границата со Србија, изјави дека планира да го тужи 52-годишниот бегалец Осама Абдула Мохсен, на кого му подметна нога, но и Фејсбук.

На почетокот на септември се појави снимка на која може да се види како снимателката од унгарската телевизија три пати физички ги нападна бегалците кои се обидуваа да го пробијат полицискиот кордон во унгарскиот прифатен центар Реске.

После ова доби отказ од телевизијата за која работеше.

Ласло, која сега кривично е гонета од унгарските обвинители, изјави дека откако ќе се заврши кривичната постапка против неа, ќе поднесе две против тужби.

Ласло за руските медиуми изјави дека има намера да го тужи Фејсбук бидејќи одбил да ја отстрани групата која и се заканува, а ја избришал групата која и дала поддршка.

Според пишувањето на сајтот „Мешбл“ Петра Ласло исто така има намера да го тужи и Осама Абдула Мохсена, бегалецот од Сирија, кого физички го нападна.

„Тој го промени својот исказ, бидејќи првобитно ја обвини полицијата“ – изјави таа.

Ласло на крајот се извини за своите постапки, изјави дека сето тоа го направила од страв.

Таа за руските медиуми изјави дека има намера да се пресели во Русија.

„Ние сметаме дека Русија за нас е сигурна и мислам дека ќе почнеме да учиме руски. За нас е важно да ја напуштиме Унгарија“ – додаде Петра.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон