Унгарија размислува вклучување на армијата во справување со бранот имигранти

Од:

Унгарската Влада разгледува можност да ја употреби армијата за подобрување на безбедноста на јужната граница на државата каде илјадници имигранти се обидуваат да влезат од Србија на територијата на Европската унија.

Владиниот портпарол Золтан Ковач изјави дека прашањето за распоредување армиски единици на границата било расправано на седница на Кабинетот и советот за национална безбедност.

Одлука за тоа може да донесе парламентот кој идната седница почнува со работа по едномесечниот одмор.

Над две илјади лица влегоа во Унгарија преку границата со Србија во почетокот на неделата. Претходно властите беа принудени да почнат изградба на ѕид висок четири метри кон Србија за да запрат имиграциски бран.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон