Унгарија прогласи вонредна состојба во две области долж границата со Србија заради бегалците

Од:

Унгарија прогласи вонредна состојба во две свои јужни области долж границата со Србија заради миграциската криза, давајќи им специјални овластувања на полицијата и другите власти, пренесува БТА.

Портпаролот на унгарската Влада Золтан Ковач изјави дека одлуката е донесена на денешната седница на владиниот кабинет.

Мерката, исто така, создава услови да испраќање воени единици како помош на полицијата во граничната контрола и обврските поврзани со имигрантите. Тоа ќе се случи откако Парламентот ќе даде согласност за владината одлука, што се очекува веќе следната недела.

Унгарија од утре почнува да ги применува построгите казни за лицата кои нелегално влегуваат во земјата и го зголемува рокот за престој во затвор за лицата осудени за шверц со луѓе.

Би можело да ве интересира

Судир на два брода во Унгарија, две лица загинаа, пет исчезнати

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот