Унгарија пред предизвици заради изборот на нуклеарка со Русија

Од:

Би-Би-Си – Лондон

Еколозите во Унгарија се надеваат дека Европската комисија ќе го сопре унгарско-рускиот договор, вреден девет милијарди евра, за изградба на два нови 1200 мегаватни реактори во нуклеарната централа Пакс на реката Дунав.

Тие тврдат дека проширувањето на централата ќе произведува скапа енергија, далеку над пазарните цени, и дека ќе ја втурне Унгарија во долгови и ќе ја продлабочи завиноста од Русија.

Владата на партијата Фидеш на Виктор Орбан, инсистира на тоа дека реакторите се неопходни за да се покрие зголемената побарувачка од енергија, и всушност ќе ја зголеми независноста на земјтата од енергија.

Владата исто така ги брани своите одлуки тајната за договорите за новите реактори да остане затворена цели 30 години.

Сегашните четири реактори во Пакс произведуваат 1900 мегавати и покриваат 40 проценти од потербите на Унгарија за струја.

Орбан ги засноваше своите ветувања на изборите во 2014 година на заджрување на ниски цените на струјата.

Еден месец претходно тој потпиша договор со рускиот претседател Владимир Путин, со кој Русија се согласува да и даде заем на Унгарија во висина од 80 проценти од градежните трошоци за новите реактори во Пакс. Унгарија ќе и враќа на Русија преку произведената струја.

Се додека Унгарија не почне да ги отплаќа следната генерација реактри во 2025 година, Орбан веќе комотно ќе биде во пензија.

Без разлика на се, одлуката да се потпише договорот со Русија ја изненади дури и неговата партија Фидеш. Изградена од Советскиот сојуз во 80-ите, работниот век на четирите постоечки реактори во Пакс ќе заврши некаде помеѓу 2032 и 2037 година.

Тоа значи дека никакви одлуки за нивна замена нема да бидат потребни најрано до 2020 година.

Експертите исто се загрижени дека периодот на совпаѓање, кога ќе функционираат и старите и новите реактори, ќе го преоптовари електричниот систем на Унгарија, и ќе ги истурка производителите на обновлива и конвенционална енергија од пазарот, заради она за кое тие велат дека ќе биде претерано производство на нуклеарна енергија.

– Унгаријата самата ја скусува можноста да ги земе предвид најмалку шестте години научен развој со сегашниот избор за нуклеарна експанзија, штотку заклучија од Универзитетскиот студентски комитет на дебатата за проширувањето на Пакс.

Паднатите цени на енергија од обновливи извори може наскоро да ги изедначи трошоците на соларната енергија со тие од фосините горива, веруваат противниците на проширувањето на Пакс.

– Потребите на Унгарија за струја можат да бидат доволни до 2020 година и без реакторите во Пакс 2, вели Зузана Коритар од Енерџиклаб, консултантска куќа од Будимпешта.

– Глупости, враќа Атила Асоди, нуклеарниот „цар“ назначен од владата на Орбан, кој вели дека одлуката за нуклеарното проширување е и чувствителна и навремена.

Се очекува побарувањата на Унгарија секоја година да растат за четири проценти, вели тој. А 7300 од сегашните 9000 мегавати капацитет од 18-те електрани во државата, треба да се заменат до 2030 година.

Во меѓувреме, неговите цифри наведуваат дека струјата од Пакс треба да биде 10-15 проценти поевтина од соларната.

Исплатата на долгот кон Русија

Балаш Фелсман од истражувачкиот центар при Универзитетот Корвинус, вели дека цените на струјата треба да пораснат за три пати на европскиот пазар, за да станат новите реактори економски исплатливи.

И постои загриженост дека крајниот рок за проектот може да се помести, а во меѓувреме Унгарија ќе треба да плаќа камати на 10-те милијарди евра од заемот од Русија до 2025 година, додека проектот е сеуште во градежна фаза. Асоди вели дека постои договор до ова да не дојде и ги отфрла трвдењата дека одлуката за проширување на нуклеарната централа се воглавно тајни.

– Проширувањето на Пакс е разговарано и договорено повеќе пати во унгарскиот парламент, вели тој.

Неговите опоненти се надеваат дека Европската комисија ќе пресуди дека 20-те проценти удел на Унгарија во трошоците за изградба ќе бидат оценети како директни субвенции, што е нелегално според правилата за конкуренција. Се очекува оваа одлука да биде донесена во октомври.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон