Унгарија оваа година очекува 300.000 мигранти да влезат во земјата

Од:

Унгарската Влада соопшти дека оваа година очекува 300.000 мигранти да влезат во земјата, што е двапати повеќе од претходните проценки, истакна шефот на премиерскиот кабинет Јанош Лазар.

Од почетокот на 2015 година досега во Унгарија пристигнале околу 90.000 мигранти. Повеќето од нив продолжуваат кон други земји од ЕУ.

– Унгарија стана една од државите кои се најмногу изложени на нелегална миграција, изјави Лазар.

Според него, ваквата појава го оправдува планот за изградба на заштитен ѕид долж јужната граница со Србија и тоа да се реализира колку е можно побрзо.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон