Унгарија осудена за огарничување на слободата на изразување на пратениците

Од:

Европскиот суд за човекови права ја осуди Унгарија за ограничување на слободата на изразување на пратениците, кои биле санкционирани откако го искажале своето несогласување со одредени предлог-закони.

Седуммина пратеници од две мали опозициски партии беа казнети со парични казни од 170 до 600 евра поради учество во импровизирани демонстранци во пленарната сала против предлог-закони доставени од Владата на Виктор Орбан.

Дел од пратениците носеа транспаренти на кои беше испишано „кражба, измама и лага“, обвинувајќи ја владејачката партија Фидес за „отстапки кон тутунската мафија при усвојувањето на законот за продажба на тутун“. Други носеа транспаренти со критики поради усвојувањето на спорниот закон за земјоделско земјиште.

Според одлуката на Судот во Стразбур. слободата на изразување е особено важна за членовите на парламентите, а акциите на двете групи пратеници не го поткопале авторитетот на унгарскиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон