Унгарија: Оградата долж српската граница ќе спречи влез на околу 300.000 мигранти

Од:

Речиси околу 300.000 мигранти би можеле да влезат во Унгарија до крајот на годинава доколку на јужната граница со Србија не се подигне ограда, изјави денеска портпаролот на унгарската Влада, Золтан Ковач.

– Повеќе од 95.000 луѓе илегално ја преминаа границата до минатиот викенд, а времената ограда на границата би можела да биде ефикасен начин за решавање на ваквиот „прилив“, истакна Ковач.

Коментирајќи ги тврдењата на опозициската Социјалистичка партија дека консултирањето на граѓаните за миграцијата било неуспешно, бидејќи само 12-13 отсто од гласачите ги пополниле прашалниците, Конач нагласи дека тоа е сепак „пет-шест проценти повеќе“ од бројот на приврзаниците на социјалистите според неодамнешните анкети.

– Повеќе од милион луѓе кои ги пополнија прашалниците претставува „силен репрезентативен примерок“, кој покажува што мислат Унгарците за илегалната миграција, додаде портпаролот.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо