Унгарија и се закани на Романија со дипломатски мерки заради забраната на етничките симболи на Унгарците

Од:

Унгарија ќе преземе дипломатски мерки во врска со забраната од страна на Романија да се постави знамето на секуите (етнички Унгарци, кои населуваат три округа во централна Романија) на јавните згради, изјави државниот секретар на унгарското Министерство за надворешни работи Жолт Немет за унгарското државно радио Кошут.

Тој додаде дека мерките ќе бидат соопштени во текот на денешниот ден.

Унгарија е отворена за преговори со Романија за оваа тема, посочи унгарскиот претставник. Тој, меѓутоа, ја повтори позицијата на унгарското МНР дека Романија е таа што треба да го реши проблемот.

Романскиот шеф на дипломатијата Титус Корлецјан вчера го критикуваше унгарскиот амбасадор во Букурешт, Оскар Фузеш, за поддршката изразена од негова страна кон автономијата на областта Секујеск, која ги опфаќа окрузите Ковасна, Харгита и Муреш во централна Романија со доминантно унгарско население.

Корлецјан изјави дека Фузеш „со својата изјава го пречекорил својот мандат и ги прекршил меѓународните дипломатски правила“.

Фузеш вчера беше повикан на консултации во романското МНР во врска со претходната изјава на Жолт Немет, кој ја обвини Романија за „симболична агресија“ и побара Романија да ја укине забраната за искористување на симболите на секуите.

Неговата изјава од романското МНР беше оценета како „неприфатлива“ и „спротивна на духот на добрососедство и стратегиското партнерство меѓу Романија и Унгарија“.

Унгарскиот претставник, кој е познат со своите позиции во поддршка на автономијата на Унгарците во Трансилванија, ги повика градоначалниците во Унгарија во знак на солидарност да го кренат знамето на областа Секујеск и некои тоа го сторија, посочува весникот.

Би можело да ве интересира

Судир на два брода во Унгарија, две лица загинаа, пет исчезнати

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот