Унгарија дозволи војници од ЕУ и НАТО да помогнат во обезбедување на нејзините граници

Од:

Унгарските власти дозволија војници од други држави на ЕУ и НАТО да помогнат во обезбедување на земјата поради мигрантската криза.

Согласно владиниот указ, кој е објавен денеска, околу илјада војници од сојузнички држави можат до 15 март да учествуваат во операција „Заедничка волја“. нивните задачи би можеле да вклучуваат учество во заеднички воени вежби со унгарската армија, како и директна поддршка за унгарските војници на границите.

Досега Унгарија распоредила околу 4.700 свои војници долж границите со Србија и Хрватска.

Речиси 330.000 мигранти влегоа од почетокот на годинава во Унгарија, која е најзагрозена во ЕУ од бегалската криза.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон