Унгарија: Бегалците штрајкуваат со глад

Од:

Околу сто бегалци од Блискиот Исток штрајкуваат со глад и жед незадоволни од однесувањето на унгарските власти, јави репортерот на Танјуг.

Бегалците, кои се наоѓаат на „ничија земја“, седат на ледината, а околу нив се наоѓаат транспаренти испишани на англиски јазик: „Без храна, без вода“.

Граничниот премин Хоргош 1 е затворен, па на тој премин има огромна гужва. Тука се поставени и мобилни „контејнери-судници“ за барателите на азил.

Унгарија од полноќ применува изменет закон за границата според кој за илегален премин на границата е предвидена затворска казна од три години.

Би можело да ве интересира

Судир на два брода во Унгарија, две лица загинаа, пет исчезнати

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот