Умерената исламистичка партија Енада освои најголем број пратенички места – 52 од вкупно 217 мандати, но тешко дека ќе може да состави стабилно владејачко мнозинство, покажуваат прелиминарните официјални резултати од изборите во Тунис, што се одржаа во неделата.
Иако Енада победи, партијата освои 17 места помалку од претходните избори во 2014 година, кога беше втора, зад секуларната коалиција, што во меѓувреме се распадна.
Енада од револуцијата во Тунис во 2011 година беше дел од неколку коалициски влади кои не успеаја да го зголемат животниот стандард и да ги подобрат јавните услуги во земјата.
Партијата Калб Тунис на медиумскиот медиумскиот магнат Набил Карои, кој беше во затвор поради обвиненија за перење пари и затајување данок, освои 38 пратенички места, додека на трето место е партијата Тајар со 22 пратеници, а 21 мандат освои движењето Карама на исламистичкиот популистички адвокат Сејфејдин Махулуф.
Во пратенички места освоија уште четири партии.
В недела во Тунис се одржува втор круг од претседателските избори, на кои ќе се соочт независниот кандидат Каис Сајед, кој има поддршка од Енада и Карои, кој вчера беше ослободен од затвор.