Украинскиот парламент го укина статусот на воена неутралност на земјата

Од:

Украинскиот парламент денеска го усвои предлог законот за укинување на статусот на воена неутралност на земјата и поттикнување напори за пристапување кон НАТО, јавија украинските медиуми.

За предлог законот гласаа 303 пратеници во украинскиот парламент, што е 77 гласа повеќе од минимуот потребен за усвојување, додека само осум пратеници гласаа против.

Законот за воена неутралност Украина го усвои во 2010 година. Укинувањето на статусот значи дека Украина ќе може слободно да пристапи кон други воени сојузи.

Претседателот на Украина Петро Порошенко на 19 декември упати до парламентот за разгледување нацрт закон за укинување на статусот на воена неутралност на Украина, се наведува на страницата на парламентот. Целта на законот, е како што се наведува, создавање дополнителни механизми за обезбедување на суверенитетот, територијалниот интегритет и независност на Украина.

– Статусот на неутралност на Украина се покажа како неефикасен во контекст на одбрана на земјата од странска агресија и притисок. Фактот дека Украина се наоѓа во „сива“ тампон зона меѓу моќни системи на колективна безбеднсот на долг рок е дополнителен предизвик за нашата земја, порача Порошенко.

НАТО во 2008 година разгледуваше евентуално членство на Украина, но никогаш не е утврден конкретен датум за прием на земјата во Алијансата. 

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје