Украинската војска се повлече од аеродромот во Доњецк

Од:

Украинската војска се повлече од новиот аеродромски терминал во Доњецк, во источна Украина, каде со месеци се бореше против проруските сили, изјави дека портпаролот на војската, Владислав Селезњов.

– Вчера беше одлучено да се напушти територијата на терминалот заради прегрупирање, истакна Селезњов, говорејќи за главната аеродромска зграда, која од крајот на мај беше под контрола на владините сили.

Тој додаде дека вчера во судирите на аеродромот се убиени десет, а ранети се 16 украински војници.

Борбата за аеродромот ескалираше изминатиот викенд, нарушувајќи го примирјето, договорено на почетокот на декември.

Би можело да ве интересира

Русите го напаѓаат Киев

Претседателката Сиљановска Давкова ќе учествува на Конференција за обнова на Украина во Берлин

Предраг Петровиќ

Орбан: Западот сака воено да ја победи Русија за да го задржат богатството на Украина

Горан Наумовски

Руската армија собори уште едно украинско беспилотно летало

Блумберг: Столтенберг ги повлече плановите за воена помош од 100 милијарди долари за Украина

Руските сили соборија 25 украински беспилотни летала во текот на ноќта