Орбан: Западот сака воено да ја победи Русија за да го задржат богатството на Украина

Од:

Виктор Орбан рече дека западните земји сакаат „да ја поразат Русија во Украина за да го задржат нејзиното богатство“.

Во интервју за телевизијата Хир, тој додаде дека западните земји веќе се обиделе да го направат тоа во деведесеттите години на минатиот век.

„Западните лидери, кои се милитаристи, сакаат воено да ја поразат Русија. Нивниот брилијантен план е апсолутно едноставен, бидејќи парите се тие што даваат влијание и моќ“, рече Орбан на прашањето зошто Западот сака воено да ја победи Русија во конфликтот во Украина.

По тој повод, Орбан потсети на периодот од 1990-тите кога, според неговите зборови, „Европејците во Русија беа пречекани со раширени раце и слободно навлегуваа во руската економија“.

Тој исто така смета дека „Западот тогаш се обиде да ги експлоатира Русија и Украина, но на крајот Русите земаа се во свои раце и ја организираа економијата како што им одговараше“.

„Сега многумина на Запад би сакале да се вратат во тие времиња, „сонуваат за голема перестројка на Исток“ и се надеваат дека конфликтот во Украина ќе им даде можност да го сторат тоа“, објасни Орбан.

Според него, разни „добавувачи на оружје, доверители, берзански шпекуланти“ веќе се обидуваат да профитираат од овој конфликт.

„И сега ќе ви раскажам една релативно неодамнешна приказна. Американците промовираат одличен предлог дека повторно ќе и дадат на Украина заем од 40 милијарди долари, а Европејците, пак, ќе гарантираат дека Украинците ќе го вратат овој долг. рече премиерот на Унгарија.

Орбан потсети дека Украина сега е закопана во долгови, додека порано беше богата земја.

Би можело да ве интересира

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

(ВИДЕО) САД потврди: Севернокорејските војници се во Русија

Загина пилот на руски бомбардер, Украинците велат „Ги убиваше нашите деца“

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

Зеленски: Русија лансираше повеќе од 20 ракети за една недела