Украина го обнови снабдувањето со електрична енергија на полуостровот Крим, што беше прекинато утрово, соопшти украинскиот министер за енергетика Володимир Демчишин.
Компанијата „Укренерго“ ја исклучи електричната енергија на Крим, кој е под контрола на Русија, поради неисполнување на договорот за намалување на потрошувачката на струја во услови на енергетската криза. Исклучување на електричната енергија имаше во секој регион на Украина.
– Се надевам дека потрошувачите на Крим ќе ги почитуваат договорените лимит, посочи Демчишин.