Најпознатиот и најопасниот шпански бик-убиец „Ратон“, угина на ранч во источниот дел на Шпанија.
„Ратон“, што на шпански значи „глушец“, се здоби со голема популарност со убиството на три лица за време на традиционалните улични трки со бикови во Шпанија.
Шпанскиот весник „Паис“ наведува дека 12-годишниот црно-бел бик, тежок над половина тон, угинал во саботата на ранч во близина на Суек.
Сопственикот на „Ратон“, Грегорио де Хесус, изјави дека планира „ѕверот“ да го препарира и изложи на својот ранч.