Ударна група на американската морнарица се упати кон Тајван

Од:

Ударната група на носач на авиони „Роналд Реган“ (РР) се упати кон водите југоисточно од Тајван, соопшти денеска кинескиот аналитички центар SCSPI.

Во соопштението се наведува дека на 30 јули ударната група на носач на авиони RR на американската морнарица го напуштила Јужното Кинеско Море и влегла во Филипинското Море преку теснецот Сан Бернардино, пренесува Тасс.

После тоа, носачот на авиони Роналд Реган поминал покрај островот Лузон на филипинскиот архипелаг и се упатил на север кон Тајван, а според проценките на аналитичкиот центар моментално се наоѓа на околу 800 километри југоисточно од тој остров.

SCSPI, исто така, потврди дека товарен авион на американската морнарица Grumman C-2 Greyhound утринава полетал од воздухопловната база Кадена во Окинава и се упатил кон водите јужно од теснецот Лузон.

SCSPI посочува дека со оглед на ситуацијата, не може да се исклучи ненајавената посета на Тајван од страна на претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, Ненси Пелоси, иако оваа посета не беше спомената на нејзината официјална веб-страница.

Сепак, американските и тајванските медиуми инсистираат на тоа дека Ненси Пелоси можеби сепак ќе може да го посети Тајван на 2 август и дека би можела да се сретне со тајванскиот лидер Цаи Инг-вен на 3 август, објави новинската агенција Кјодо.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голема тепачка на седницата на тајванскиот Парламент

Горан Наумовски

Пекинг силно се спротивставува на зголемувањето на царините за кинеските стоки во САД

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Земјотрес во Тајван со јачина од 5,8 степени

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија