Удар за мафијата во Италија, осудени 70 членови на “Ндрангета“

Од:

Италијанското судство вчера и зададе тежок удар на “Ндрангета, најмоќната мафијашка група во Италија, осудувајќи 70 нејзини членови и помошници, на најголемото судење на мафијата во оваа земја од крајот на 1980-тите.

dobivaj vesti na viber

Судијата Клаудио Париз ги прочита пресудите за 91 обвинет во големиот суд на градот Ламезија Терме, во регионот Калабриоја, на југот од земјата, каде од јануари се водеше “какси процесот”, во кој им се суди на стотици луѓе под сомнение дека работат или соработуваат со групата на органзиран криминал „Ндрангета“

Во судската постапка, што се очекува да трае уште најмалку две години, уште 355 обвинети чекаат судење.

За истрагата беа потребни неколку години и заврши со полициски акции во декември 2019 година.

Деведесет и едно осудено лице се одлучи да имаат забрзано судење, што беше затворено за јавноста, и во кое им се овозможи доколку бидат осудени да добијат намалување на казната за една третина.

Познатиот антимафијашки обвинител Никола Гратери, кој цели 30 години мора да живее под полициска заштита, изјави дека во саботата “се добро мина”.

-Од 91 обвинет осудени се 70, рече италијанскиот обвинител за агенција Адкуронос, додавајќи дека биле пуштени “ситните риби”.

Некои беа осудени на највисоката можна казна од 20 години затвор, што всушност беа побарани од страна на обвинителите.

Меѓу нив се Доменико Макри, член на военото крило група, Пасквале Галоне, десната рака на наводниот шеф на мафијата Манкус, за кого судењето се уште трае, и Грегорио Ниглија кој го набавувал оружјето и се занимавал со изнуди.

Околу една третина од групата е осудена на десет и повеќе години затвор, а 21 лисе е ослободено од обвинение, рече Гратери.

Мафијата “Ндрангета, чие седиште е во Калабрија, најсиромашната италијанска провинција, контролира голем дел од трговијата со кокаин што влегува во Европа.

Оваа мрежа која ја сочинуваат околу 150 семејства кои се борат за позиција во рамките на организацијата, има најмалку 6.000 членови и помошници во Калабрија, а уште илјадници луѓе ја поддржуваат низ целиот свет, оценуваат безбедносни експерти.

Би можело да ве интересира

Италија ќе им исплаќа по 200 евра на семејствата со ниски и средни примања во борба против инфлацијата

А1он

Салвини ја почнува својата предизборна антимигрантска кампања од островот Лампедуза

А1он

Во Италија уапсени албански сопружници и запленета дрога вредна на милион евра

Опожарена поголема површина изминативе недели отколку во сите пожари лани

Ана Ололовска

Матарела, по оставката на Драги, го распушти Парламентот

Италијанскиот премиер повторно поднесе оставка

Ана Ололовска