Училиштата во Букурешт затворени заради снежните виулици

Од:

„Портокалов код“ за опасни метеоролошки услови е прогласен во девет округа во Романија, а денеска повеќе училишта во Букурешт ќе останат затворени, додека националната железничка компанија соопштува за доцнења на возови, соооштува електронското издание на весникот „Романија либера“.

Националната метеоролошка служба прогласи „портокалов код“ за снежни бури, што влезе во сила од утринава и ќе трае до 14 часот за јужните окрузи Влча, Арџеш, Дамбовица, Прахова, Бузиу, Илфов, делови од окрузите Олт, Телеорман и Гергево, како и во Букурешт.

Брзината на ветрот се очекува да надмине 70 километри на час, а снежните врнежи ќе бидат во форма на снежни виулици.Сите училишта во Букурешт денеска ќе останат затворени.

Училишните инспекторати, исто така, сооппштија дека поголем дел од училиштата во окрузите Олт, Бузиу, Арџеш, Гергево, Дамбовица и Браила, исто така нема да работат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната