Убиени 50 џихадисти во Кобане, напади врз Алепо и Рака

Од:

Најмалку 50 борци на Исламска држава се убиени во изминатите 24 часа во судири, самоубиствени напади и воздушни напади на Кобане.

Спроведени 30 воздушни акции против џихадисти во Рака и Алепо.

Сириската опсерваторија за човекови права наведува дека тоа се најголем број жртви меѓу ИД од почетокот на офанзивата против Кобане.

Една Сиријка и три деца се убиени во текот на ноќа во дел на Алепо, под контрола на владините сили, се наведува во соопштението на групата.

Меѓународната коалиција под команда на САД извршила најмалку 30 воздушни напади во текот на изминатата ноќ врз позиции на џихадисти во североисточниот дел на Сирија.

Цел на нападите бил и градот Рака, што важи за главен центар на ИД во Сирија, како и воздушната база Дивизија 17, што џихадистите ја заземаа претходно од сириските владини сили.

Би можело да ве интересира

Сирија собори израелски проектили истрелани кон предградијата на Дамаск

Горан Наумовски

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски