Убиена пакистанската секуларна политичарка Неџма Ханиф

Од:

Изминатата ноќ во својот дом во Пешавар беше убиена пакистанската секуларна политичарка Неџма Ханиф, соопшти денеска пакистанската полиција.


Ханиф (35), беше угледна членка на Авами националната партија (АНП), која ја карактеризира отворен непријателски став кон талибанците и поддршка за воените операции против бунтовниците.


Еден или двајца неидентификувани напаѓачи ја убиле Ханиф во нејзиниот дом во Пешавар, користејќи пиштол со придушувач.


Во новември 2011 година во напад на талибански бомбаш самоубиец настрадаа мажот и синот на Хахиф.


Членови на партијата АНП често пати се цел на талибанците, а досега настрадаа стотици нејзини активисти.

Би можело да ве интересира

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Пакистан е веќе нуклеарна сила: Никој нема увид што изработува и колкава опасност може да предизвика

А1он

(ВИДЕО) Пакистан изврши ракетни напади на територијата на соседен Иран

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нуклеарно вооружените Пакистанци се закануваат со одмазда за нападот од Иран