Поранешниот премиер на Малезија Наџиб Разак денеска е уапсен поради повеќемилионска проневера на државниот инвестициски фонд, соопшти малезиската Агенција за борба против корупцијата.
Наџиб е уапсен во својата канцеларија, а утре ќе биде изведен пред суд каде ќе му биде прочитано обвинението.
Наџиб, кој и претходно беше обвинет за корупција, перење пари во државниот фонд, ги негира обвиненијата.
Тој го формираше фондот кога дојде на власт во 2009 година, со цел унапредување на економскиот развој, но фондот западна во долгови од повеќе милијарди и сега е под истрага во САД и други земји поради прекугранична проневера и перење пари.