Twitter во март прослави шести години постоење, а во таа прилика објавија дека имаат над 140 милиони активни корисници месечно, а дневно се објавуваат околу 340 милиони твитови.
Денеска е објавен нов рекорд – бројката на активни твитераши сега изнесува 200 милиони на месечно ниво, а сега се објавуваат над 400 милиони твитови дневно. Според неофицијалните информации, моментно Тwitter поседува над пола милијарда корисници, но поголемиот дел од нив се неактивни.
И покрај тоа што растот на Twitter е неминовен и импресивен, и натаму не може да му парира на семоќниот Facebook. Во споредба со 135-те милиони корисници на Google+, Тwitter е на коњ!