Твитер тргнува во борба против дезинформациите за вакцината

Од:

Социјалната мрежа Твитер се приклучи во војната против дезинформациите за вакцинацијата против коронавирусот и од денеска ќе почне со бришење на најштетните дезинформации за вакцинацијата и вакцината, а објави дека твитови што содржат неверодостојни информации да бидат посебно обележани.

Твитер соопшти дека новите правила се воведуваат „бидејќи во светло на глобалната пандемија, дезинформациите за вакцините претставуваат значајна и растечка закана за јавното здравје“.

„Фокусирани сме на неутрализирање на погрешните информации што потенцијално можат да предизвикаат сериозна штета врз здравјето и благосостојбата на луѓето. Твитер има важна улога како место, каде луѓето со добра волја, разговараат и дискутираат за клучните здравствени проблеми“, се наведува во соопштението на Твитер.

Со најновите проширени правила во борбата против дезинформациите, Твитер го следи примерот на платформите, како Фејсбук и Јутјуб, кои веќе донеле слични одлуки.

Фејсбук веќе спроведува политика на отстранување пораки со лажни информации за коронавирусот што можат да предизвикаат „неизбежни физички штети“, а претходно овој месец ја прошири ваквата политика со објавите со тврдења за вакцината што експертите недвосмислено ги демантираа, како што се теориите на заговор за микрочипови или лажни тврдења за безбедноста на ефикасноста, состојките или несаканите ефекти на вакцината.

Меѓутоа и Фејсбук доцнеше зад Јутјуб, кој од октомври почна да ги блокира и отстранува дезинформациските објави за потенцијалните вакцини.

И Твитер досега можеше да побара од корисниците да отстранат содржина со лажна или погрешна информации поврзана со пандемијата на Ковид-19, доколку таа се однесува на природата на вирусот, начинот на неговото ширење, ефикасноста на превентивните мерки и третманот, како и официјалните мерки и ограничувања.

Сега, таквата политика ќе се прошири на дезинформации за вакцините и вакцинациите.

Ова, според Твитер, се однесува на тврдењата дека целта на вакцинацијата е да им се наштети или да се воспостави контрола врз луѓето, изјави за вакцините што вклучуваат теории на заговор, официјално ги побиваат тврдењата за несаканите ефекти од вакцинацијата, како и тврдењата дека вирусот не постои или дека е безопасен и затоа вакцината е непотребна.

Покрај тоа, од 2021 година, Твитер ќе постави предупредувачка ознака покрај твитовите во кои се шират неосновани гласини и контроверзни тврдења за вакцинација или се пренесуваат информации што се делумни или извадени од контекст. Таквото предупредување, исто така, ќе има врска до линк со компетентни здравствени информации и до политиката на Твитер.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски