Твитер не прави доволно за да спречи говор на омраза пресуди Апелацискиот суд во Париз

Од:

Твитер мора да ги открие сите детали за начините за борба против говорот на омраза што е присутен на таа „онлајн“ платформа во Франција, одлучи денеска Апелацискиот суд во Париз.

Судот пресуди во корист на лоби-групите, вклучително и Здружението на француски еврејски студенти (УЕЈФ), СОС расизам и СОС хомофобија, кои велат дека социјалната мрежа не прави доволно за сузбивање на говорот на омраза.

Денешната пресуда ја потврди одлуката на понискиот суд од јули кога и на Твитер му беше наредено да дозволи целосен пристап до сите релевантни документи кои се однесуваат на напорите на компанијата против говорот на омраза, вклучувајќи го бројот, националноста, локацијата и јазикот на вработените задолжени за модерирање на содржината на француската верзија на платформата.

Според пресудата, Твитер мора да плати по 1.500 евра на секоја од шесте оштетени страни.

Политиката на Твитер за говор на омраза им забранува на корисниците да промовираат насилство, закани, но и напади врз луѓе врз основа на нивната раса, религија, родов идентитет или попреченост и други форми на дискриминација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Судот пресуди дека Твитер го прекршил договорот за исплата на бонуси на вработените

Горан Наумовски

Твитер одби да се пребара профилот на Трамп, па заработи парична казна

Горан Наумовски

Од Слупчане не кажаа, 3000 денари за цело село или 3000 денари по куќа ќе плаќаат? – Реакции на социјалните мрежи

Орце Костов

Илон Маск најави промена на логото на Твитер: „Збогум на сите птици“

Илон Маск потврди: Твитер ќе го смени името

Твитер за црвените елеци на СДСМ: „На толкави плати, шетаат во елеци како од Црвен крст“

Орце Костов