Туск: Сонувам Велика Британија да остане во ЕУ

Од:

Претседатлот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека сонува Велика Британија да не ја напушти Европска унија.

– Голем број британски пријатели ме прашуваат дали е можно тоа, а јас им одговарам дека ЕУ е изградена на соништа, кои изгледале недостижни. Кој знае, можеби сонувам, но не сум единствен, посочи Туск алудирајќи на текстот на песната „Imagine“ од Битлси.

Тој осврнувајќи се на последните политички настани во ЕУ, наведе дека „никогаш досега не бил толку убеден дека работите се движат во правилна насока“.

– Повод за внимателниот оптимизам се резултатите од изборите во Бугарија, Холандија, Австрија и Франција, Економијата во ЕУ денес бележи раст во сите 28 земји-членки, невработеноста се намалува, постигнат е договор за долгот на Грција, победуваат проевропските лидери, а нивните противнбици го губат тлото, наведе Туск.

Тој потенцира дека треба да се зачува политичкото единство пред многубројните предизвици.

– Треба да покажеме политичко единство, да ја вратиме контролата врз настаните, кои некогаш не ужаснуваат, наведе претседателот на Европскиот совет.

Би можело да ве интересира

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски