Сите туристи кои ќе пристигнат на кој било граничен премин во Обединетите Арапски Емирати ќе добијат бесплатни припејд СИМ картици, наполнети со три минути разговор, пет СМС и 20МВ интернет, соопшти Сојузната управа за идентитет и државјанство.
Слична иницијатива минатиот месец е започната и во Дубаи.
СИМ картиците на почеток ќе важат 30 дена и автоматски ќе се обновуваат доколку туристот ја продолжи својата виза.
Туристичкиот мобилен пакет ќе им биде обезбеден на сите посетители постари од 18 години. СИМ картицата ќе биде регистрирана на име на туристот и веднаш ќе биде активирана.