Турција: Сирија не е способна, ниту има волја да се бори против ИД

Од:

Турција ги извести ОН дека почнала воздушни напади врз положби на борци од Исламска држава во Сирија, затоа што сириската Влада не е ниту способна, ниту има волја да се бори против терористичката организација.

Во писмото упатено вчера до генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун и СБ, Турција се повикува на членот 51 од Повелбата на ОН која се однесува на индивидуалното или колективното право на самоодбрана во случај на оружен напад, како оправдување за акцијата.

– Очигледно е дека режимот во Сирија не е ниту способен, ниту има волја да ги спречи овие закани кои доаѓаат од нејзина територија, а кои јасно говорат дека ја загрозуваат безбедноста на Турција и нејзините државјани, наведува во писмото заменикот на турскиот амбасадор во ОН Левент Елер.

Би можело да ве интересира

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Ирански полковник загина во израелски воздушен напад врз сириски пристанишен град