Турција испраќа 1.000 тони хуманитарна помош во Мјанмар

Од:

Претставникот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Ибрахим Калан, изјави дека Турција почнала да испраќа храна, облека и лекови со хеликоптери во Мјанмар, во зоната од каде муслиманите – Рохинги бегаат од насилството.

Изјавата беше дадена откако Ердоган телефонски разговорал со шефицата на Владата на Мјанмар Аун Сан Су Чи.

Властите во Мјанмар дале дозвола за првите пратки хуманитарна помош во северозападниот дел на земјата.

Предвидено е во Мјанмар да бидат испратени 1.000 тони хуманитарна помош од Турција.

Насилствата во Мјанмар почнаа на 25 август, откако бунтовници од Армијата за спас на Рохингите во Аракан нападнаа десетици полицајци.

Како одоговор на тоа, војската на Мјанмар почна голема операција во државата Ракхајн, што е окупирана од Рохингите.

Во судирите, досега се убиени 400 лица, од кои 370 се „терористи“ Рохинги.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски