Турција, Финска и Шведска во август ќе разговараат за договореното во Мадрид

Од:

Официјални лица од Турција во август ќе имаат средба со колеги од Финска и од Шведска, со цел да го оценат напредокот на двете земји во исполнување на барањата на Анкара во рамки на договорот за укинување на ветото на нивната кандидатура за членство во НАТО, информираше денеска министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Финска и Шведска поднесоа барања за членство во НАТО како одговор на руската инвазија на Украина. Но, земјите со соочија со противење на Турција, која ги обвини за поддржување групи што таа ги смета за терористички, потсетуваат медиуми.

Трите земји на самитот на НАТО во Мадрид потпишаа договор за укинување на ветото на Анкара, како замена за ветување за борба против тероризмот и извоз на оружје.

Анкара најави дека внимателно ќе ја следи имплементацијата на договорот со цел да ги ратификува кандидатурите за членство на Финска и Шведска.

Во разговор за турската државна телевизија ТРТ Хабер, Чавушоглу појасни дека состанокот во август ќе биде прв во рамки на надзорниот одбор, формиран согласно договорот. Но, тој повтори дека Турција ќе го блокира членството на двете земји, доколку не го исполнат ветеното.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија