Турчин тргна пеш од Истанбул до Ерусалим во знак на протест на одлуката на Трамп

Од:

Жител на Труција одлучи на уникатен начин да протестира против одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го признае Ерусалим за главен град на Израел. Тој тргна пеш од Истанбул кон Ерусалим за да го изрази својот револт.

На патот тргнал на 17 декември, а досега успеал да стигне до градот Болу, што е на 262 километри од Истанбул. Според него за пет до шест дена би требало да стигне до Анкара, од каде ќе се упати кон Хатај.

Нуретин Коч (35) очекува во Ерусалим да стигне за околу два месеца.

– Во Ерусалим со години има насилство. Секој треба да направи нешто за Ерусалим. Јас како муслиман, како човек, се запрашав што би можел да направам и одлучив да тргнам на пат, нагласи Коч.

Би можело да ве интересира

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави

ВИДЕО: „Епска катарстофа, луѓето нема каде да одат“ – Израел го напаѓа Рафа, последното прибежиште за Палестинците

Катерина Ѓуровски