Тунискиот претседател Каис Саид го назначи министерот за внатрешни работи Хишем Мечичи да формира нова влада на местото на премиерот во заминување, Елиес Факфах, кој на средината од месецот си поднесе оставка, јави ДПА.
Независниот Мечичи (46) на функцијата министер за внатрешни работи беше назначаен во февруари кога тунскиот Парламент ја одобри владата на Фахфах.
Тој доби рок од еден месец да формира нова влада, која потоа треба да биде одобрена од парламентот со просто мнозинство.
Името на Мечичи не беше меѓу оние што ги предложија претседателите на партиите и парламентарните групи.
Германската агенција потсети дека Фахфах поднесе оставка на функцијата премиер на 15 јули, по расправијата со исламистичката партија „Енахда“ и парламентарниот притисок да биде сменет поради обвиненија за судир на интереси.
За него беше посочено дека поседува акции во приватни компании на кои последните месеци им биле дадени јавни договори, пренесе ДПА.