Тунис: Протести и погреб на убиениот опозициски лидер

Од:

Во Тунис денеска ќе биде организиран генерален штрајк поради убиството на еден од главните опозиционери и остар критичар на властите, адвокатот Чокри Белаид.

Генералниот синдикат на туниските работници денеска организира штрајк, кој се совпаѓа со погребот на лидерот на опозицијата Белаид, кој беше убиен во средата пред својот дом.

Повикот за штрајк на најмоќниот синдикат во земјата доаѓа по протестите во главниот град Туниси и централниот регион Гафси, со што политичката криза во земјата дополнително се продлабочува.

Туниски адвокати, судии и некои универзитетски професори од вчера се во штрајк, поради што и денеска главниот суд во Тунис е затворен.

Адвокатот Чокри Белаид денеска ќе биде погребан по традиционалната петочна молитва во муслиманските земји, а неколку стотина луѓе веќе се собраа пред неговиот дом во главниот град.

Убиениот Белаид (48) беше остар критичар на владејачката партија, чиј лидер Рашед Гануши го нарече симбол на фашизмот и контрареволуцијата.

Би можело да ве интересира

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Туниската полиција уапси стотици мигранти во крајбрежниот регион Сфакас

ВИДЕО: Хаос во Тунис, српските туристи за малку ќе се степаа со хотелиерите откако добија мувлосани соби

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во напад пред синагога во Тунис: Полицаец уби двајца верници и колега, убиен е и напаѓачот

Горан Наумовски

ВИДЕО: Фудбалерот Низар Ал-Исави почина откако се самозапали

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси министер за финансии и познат бизнисмен