Владата на Тунис денеска информираше дека планира да инвестира 5 милијарди долари во енергетски проекти во следните четири години.
Според владиното соопштение, во овие проекти влегува изградбата на подводен енергетски кабел од Тунис до Италија. Покрај преносот на енергија, предвидени се и нови капацитети за генерирање на струја. Главен извор на енергенси во северноафриканската држава се домашните резерви на нафта и гас, но во изминатите години Тунис се соочи со пад на производството.