Тројно зголемен бројот на илегални мигранти Шпанија

Од:

Меѓународнаата организација за миграција (ИОМ) соопшти дека бројот на илегалните мигранти кои од почетокот на годинава влегле во Шпанија, е тројно поголем во споредба со истиот период во 2016 година.

Според податоците на ИОМ, годинава преку морските траси во земјата пристигнале 8.385 „илегалци“.

Доколку се продолжи со ваквото темпо, Шпанија многу брзо ќе ја надмине Грција, каде годинава се регистрирани 11.713 нови мигранти, затоа што преовладува мислењето дека шпанската „траса“ е многу побезбедна.

Медиумите во Шпанија деновиве објавија фотографија од една популарна плажа на југот од земјата во близината на Кадиз, снимена во моментот кога едно импровизирано бродче истоварува мигранти на вчудоневиденост на бројните капачи и туристи.

Податоците на ИОМ за годинава, откриваат дека во Шпанија преку море и покопнен пат изминатите месеци пристигнале 11.849 мигранти.

Во текот на целата мината година, биле регистрирани 13.246 илегални влегувања.

Од оние кои пристигнуваат на шпанската територија по морските патишта, најбројни се мигрантите од земјите на Западна Африка – Сенегал, Гамбија, Гвинеја и Брегот на Слоновата Коска. За сите вакви пристигнувања се користи територијата на Мароко.

Ситуацијата во Шпанија, меѓутоа, засега се уште е далеку поповолна од онаа во Италија, каде до почетокот на август, според податоците на ИОМ, се регистрирани 96.861 новодојдени имигранти.

Вкупната бројка на миграцијата во медитеранскиот реон, сепак, оваа година е намалена за 60 отсто.

Би можело да ве интересира

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

Најмалку четири лица загинаа, а 16 се повредени во уривањето на зграда на Мајорка

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски

Пронајдени тела на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец