Тројца загинати и стотина повредени во експлозиите на воки-токи во Либан, бројката не е конечна

Од:

Либанската државна новинска агенција (ННА) објави дека три лица загинале во регионот Бека на истокот од земјата во последните експлозии.

Според извештајот на Министерството за здравство, во последниот бран експлозии се повредени стотина лица. Евидентирани се многу повреди на стомакот и рацете.

Изгледа дека експлозиите биле од воки-токи што ги користеле припадниците на Хезболах. Експлозиите се случија во неколку градови низ Либан во средата попладне, само еден ден по поширокиот напад во кој пејџерите користени главно од членовите на Хезболах експлодираа, при што беа ранети повеќе од 2.800 луѓе, а 12 загинаа.

Експлозиите се случија во јужните предградија на Бејрут, како и во градовите Набатие, Тир и Саида во јужен Либан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии