Тројца од заложниците во Алжир побараа повлекување на алжирската војска од регионот

Од:

Тројца од странските заложници, кои вчера беа заробени од исламисти во Алжир, побараа од алжирската армија, која го опколи објектот, во кој се наоѓаат, да се повлече од регионот.

Еден Бротанец, еден Ирец и еден Јапонец, кои се претставија како тројца заложници, го упатија барањето еден по друг преку катарската телевизија Ал Џазира. Тројцата мажи зборувале преку телефон, а не беа емитувани снимки на кои се гледа како тие зборуваат, јави БТА.

Тие побараа од алжирските сили да престанат да стрелаат кон објектот, каде се заробени, со цел да го олеснат водењето на преговорите со киднаперите за спасување на животите на заложниците. Нивните зборови беа преведувани симултано на арапски. Тие нагласија дека зборуваат во име на еден од киднаперите, претставен под псевдонимот Абу ал Бара.

Претходно тој лично се обрати до катарските медиуми, нагласувајќи дека алжирската армија треба да се повлече за да почнат преговорите за судбината на заложниците.

Алжирските сили од вчера го опколија објектот во источниот дел на Алжир, каде исламистите, поврзани со Ал Каеда држат 41 странец.

Претставник на алжирските сили за безбедност изјави дека Владата води преговори со САД и Франција за меѓународните сили, кои ќе помогнат во решавањето на заложничката криза. Меѓу 41 заложник, има седум Американци. Тие се заробени во станбен објект, во кој живеат вработените во компаниите, кои експлоатираат наоѓалиште на гас.

Би можело да ве интересира

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

Се зголемува бројот на загинати во пожарите во Алжир, земјата е под „напад“ на топлотен бран

Во Алжир падна снег

Горан Наумовски

Седумнаесет загинати во три инциденти со истекување гас во Алжир

Ана Ололовска

„Фајненшл тајмс“: Словенија планира да изгради гасовод до Унгарија за алжирски плин

А1он

Алжир осуди 49 лица на смртни казни поради линч на лажно обвинет за шумските пожари