Три поранешни банкари во Кредит Суис беа уапсени за наводна вмешаност во измамничка шема поврзана со фирми од Мозамбик, која ја чинеше оваа банка 2 милијарди долари, велат американските власти.
Две други лица исто така беа уапсени а меѓу нив е и поранешниот министер за финансии на земјата.
Во обвинението се вели дека преку серија од финансиски трансакции се повлекле повеќе од 2 милијарди долари преку заеми гарантирани од страна на владата во Мозамбик.
Во изјава од банката се вели дека три поранешни вработени се обвинети од страна на САД дека ги „прескокнале внатрешните контроли“ и извршила измама во која е вмешана и владата на Мозамбик.
Од банката велат дека против нив не биле преземени никакви мерки.