Тринаесет држави од Азија заеднички ќе ги заштитуваат загрозените тигри

Од:

Тринаесет држави од Азија, од Малезија, па до Русија, каде што живее најбројната популација на тигри, денеска потпишаа договор за заедничка истражувачка мрежа за запирање на уништувањето на овие животни.

Тигрите во последниве две децении се опасно загрозени како вид, најмногу поради криволовството и нивна продажбана црниот пазар.

Над сто експерти и владини функционери од 13 држави на средба во главниот град на Непал заклучија дека поединечните акции не дале резултати.

Се смета дека од 2009 до 2013 година бројот на тигрите во ова подрачје е намален за две третини. Со заедничката мрежа полесно ќе се лоцираат и идентификуваат дивите ловци на тигри, но и оние што од нив го купуваат месото на убиените животни.

Тигрите имаат висока вредност на црниот пазар поради нивното месо, кое се смета за специјалитет и често е десетпати поскапо од најскапиот говедски бифтек.

Астрономски цени од над 160 долари по порција имаат супи подготвени од шепите и пенисите на тигрите. Тигров пенис на скара, кој се сервира само малку потпечен, во рестораните чини над 300 долари за порција, бидејки постои неподелено мислење дека тој ја зголемува потенцијата кај машката популација.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он