Трговијата со деца во Мјанмар загрижувачки расте

Од:

Трговијата со луѓе, особено со деца, во Мјанмар  расте со загрижувачко темпо. Овдешната полиција денеска соопшти дека само во ноември годинава исчезнале 93 деца, најмногу од подрачјата каде што живее мешано будистичко и муслиманско население.

Властите во Мјанмар, поранешна Бурма, годинава успеале од трговците со луѓе да спасат над 600 жртви, од кои над 100 биле малолетници. Полицијата уапсила 226 лица кои припаѓале на синџирите на трговија со луѓе.

Најголем број од жртвите, пронајдени во мај годинава, во масовните гробници во граничното подрачје меѓу Тајланд и Малезија биле од Мјанмар.

Од 2006 година до сега во Мјанмар се уапсени над 2.000 трговци со луѓе, но бројката на спасените не е задоволителна, бидејки во овој период дома биле вратени нешто помалку од 2.500 лица.

Малолетниците од Мјанмар, залажани со приказни за богат живот што ги „чека ’’ во соседните побогати држави, најчесто завршуваат во евтини бордели, без можност некој да им помогне.

Би можело да ве интересира

Воен авион од Мјанмар се излизга од пистата при слетување, има повредени

(ВИДЕО) Одрон во рудник за жад во Мјанмар, загинаа 32 рудари

Амнестија за 7.012 затворенции во Мијанмар по повод одбележувањето на Денот на независноста

А1он

Канада со нови санкции кон Русија, Иран и Мјанмар

А1он

ВИДЕО: Најмалку 80 цивили загинаа во воени воздушни напади за време на концерт во Мјанмар

Ана Ололовска

Најмалку осум жртви во експлозии пред затвор во Мјанмар