Треба да внимаваме на врските на Русија со европската десница

Од:

Тоа звучи како глава од евтин шпионски роман: поранешен агент на КГБ, протеран од Велика Британија во 80-ите години од 20-иот век, на заем и дава голема сума пари на ектремнодесничарска европска партија. Која е неговата цел? Да ја поткопа Европската Унија и да ги зацврсти врските меѓу Москва и евентуалниот иден лидер на прокремаљски настроената Франција.

Всушност тоа и се случи. Основачот на Националниот фронт (ФН) Жан Мари Ле Пен земал на заем два милиони евра од компанија „Верониса холдинг“ со седиште на Кипар, која е во сопственост на една колоритна личност по име Јуриј Кудимов, агент од Студената војна.

Кудимов е поранешен службеник на КГБ, кој станал банкар. Тесно е врзан со Кремљ и со големите пари околу него. Своевремено, во 1985 година, Кудимов работел и во Лондон. Маската му била дека е новинар од советски весник; во 1985, Владата на Тачер го протерала под обвинение за шпионажа (во истото време Владимир Путин бил офицер на КГБ во Дрезден).

Минатата недела во Париз, ФН потврди дека зел голем заем од 9,4 милиони евра од московската „Прва чешко-руска банка“.

Логично, лидерката на ФН, Марин Ле Пен, не ја крие воодушевеноста од Путин; нејзината партија има врски со истакнати фигури во Кремљ, вклучително и Дмитриј Рогозин, кој сега е заменик-премиер на Русија, а во 2005 година водеше кампања против емигрантите насловена како „Да го исчистиме џганот од Москва“.

Ле Пен ја брани одлуката да земе пари од Кремљ, откако се пожали дека нема достап до капитал: „Скандалозно во случајот е што француските банки не даваат заеми“. Таа исто така ги негираше информациите дека тие 9,4 милиони евра се само прва транша од поголем заем во вредност од 40 милиони евра, како што соопшти информативната веб страна Медиапар, која прва ги објави откритијата.

Руските пари ќе ја засилат кампањата на Марин Ле Пен за претседателската позиција во Франција по две години. Никој не очекуваа таа да победи, но ФН освои најмногу гласови на европските избори во мај, откако доби неочекувани 25 проенти од гласовите; 25-те нови европратеници на Ле Пен веќе формираа проруски блок во Европскиот Парламент.

Заемот од Москва донекаде може да биде сфатен и како манифестација на крупна и упадлива одмазда. Тој беше доделен по решението на претседателот Франсоа Оланд да ја одложи испораката на два носачи на хеликоптери за Москва, согласно зделката од 1,2 милијарди евра. Оланд го направи тој пресврт како резултат од големиот притисок од Западот по анексијата на Крим кон Русија, и по продолжувањето на нејзиното тајно мешање во источна Украина.

Но, чекот на Москва има и посериозен и морничав аспект. Всушност, од 2009 година Русија активно гради врски со екстремната десница во источна Европа. Воспостави односи со Јобик во Унгарија, екстремнодесничарската Народна партија во Словачка и со националистичкото антиевропско движење Атака во Бугарија. Политичките елити во регионот стануваат се порасположени кон погледите на Путин.

Според будимпештанскиот Институт за истражувања „Политикал кепитал“, кој прв ја објави таа тенденција, на крајот Кремљ ја придоби и екстремната десница во западна Европа. Институтот во информација која ја објави во март за руското влијание врз екстремната десница, сега оценува дека тоа е „појава која се забележува низ цела Европа“. Целта на Москва е да ги насочи своите економски и политички интереси – и поконкретно да гарантира дека ЕУ останува силно зависна од рускиот гас.

Во советско време КГБ користеше „активни мерки“ за да финансира „камуфлирани организации на Западот“, преку кои Москва даваше подршката за комунистичките партии. Кремљ не ги измисли екстремнодесничарските партии во Европа. Но, сега Москва по аналогичен начин им дава подршка – политичка и финансиска, со која се засилува европскиот неофашизам.

Ваквата блискост е поврзана со идеологијата или како што се изразува „Политикал кепитал“, „посткомунистички неоконзервативизам“. Европската екстремна десница и Кремљ се обединија во непријателски однос кон ЕУ. Откако по трет пат стана претседател во 2012 година, Путин прави обиди да ја популаризира својата идеја за конкуренција на Европска Унија. Тоа е алтернативен политички блок, замислен да ги обедини сега независните поранешни советски репблики, кои се наклонети кон Москва, а не кон Брисел.

Кремљ исто така „откри“ дека западниот политички систем е слаб, дека европските евроскептици, исто како и руските, можат да бидат купени, ако има доволно пари. Според информации од 2010 година од американски дипломатски документи, Силвио Берлускони извлекувал „лична и значителна“ корист од енергетските зделки со Русија; поранешниот германски канцелар Герхард Шредер, најголемиот европски сојузник на Путин – е претседател на Управниот одбор на руско-германскиот гасовод „Северен поток“.

Во меѓувреме, естремните десничарски и десни британски политичари исто изразуваат восхит кон рускиот претседател и пранешен агент на КГБ. Во март, Најџел Фараж го нарече Путин светски лидер на кого најмногу му се восхитува и го пофали „блескавиот“ начин на кој тој „се однесувал во врска со целата работа во Сирија“.

Во 2011 година, тогашниот лидер на Британската национална партија Ник Грифин замина за Москва како набљудувач на изборите за Думата. Потоа тој изјави дека „руските избори се доста почесни од тие во Велика Британија“. Минатата седмица, Грифин на Твитер напиша пофалби за пропагандниот новински телевизиски канал на Кремљ на англиски јазик, Раша тудеј (РТ). „РТ – за луѓето кои ја сакаат вистината“.
Во тоа има голема иронија.

Во обраќањето за состојбата во земјата, Путин директно го спореди западот со Хитлер и рече дека Западот плете интриги за подлеба и рушење на Русија. Во март Путин го бранеше територијалното приграбување на Крим, под изговор дека го спасува полуостровот од украинските „фашисти“. Неколку недели подоцна, разновидна група од екстремнодесничарски европски популисти пристигнаа на Крим за да го набљудуваат набрзина организираниот „референдум“.

Од тактична гледна точка, Русија го користи народното незадоволство во ЕУ, потхранувано, како од емиграцијата, така и од економијата. Но, ако се има предвид се поголемото влијание на десните движења на континентот, Европа треба да ја осознае заканата од сомнителните начини на финансирање, затоа што во спротивност постои опасност да гледа како се урибваат нејзните институции.

Гардијан – Лондон

 

Би можело да ве интересира

Саркози: Макрон ја турка земјата во хаос

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон

Заложничка драма во истражниот затвор во Ростовската област

Горан Наумовски

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја