Трамп во јуни во посета на Франција и на Велика Британија

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија ќе отпатуваат во Франција на 6 јуни, каде што првиот човек на САД ќе се сретне со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти денеска Белата куќа.

Трамп во јуни ќе ја посети и Велика Британија, каде најверојатно ќе се сретне со кралицата Елизабета во Бекингемската Палата.

Трамп ќе ја посети Велика Британија во првата недела од јуни, а се очекува Белата куќа наскоро да ги соопшти деталите на посетата.

Тоа ќе биде втора посета на Трамп на Велика Британија. При првата посета минатата година, во Лондон се одржаа големи протести против неговото доаѓање.

Би можело да ве интересира

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ВИДЕО: Морничава сцена на плажа, исчезна пред 2 недели, водата го исфрли масакрираното тело

Предраг Петровиќ

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме