Трамп: Треба повеќе да се грижиме за мигрантите, да не завршиме како Европа

Од:

Доналд Трамп даде кратка изјава на својата мрежа Social Truth по одржувањето на самитот во Лондон.

– Треба помалку да се грижиме за Путин, а повеќе за бандите на силувачи на мигранти, нарко босови, убијци и луѓе од психијатриски институции кои влегуваат во нашата земја – да не завршиме како Европа, истакна Трамп.

За потсетување, европските лидери се состанаа на клучниот самит во Лондон по расправијата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот украински колега Володимир Зеленски во петокот во Белата куќа. Трамп го обвини Зеленски дека е неблагодарен за американската помош, покажувајќи непочитување кон неговата земја и ризикувајќи ја Третата светска војна, фрлајќи сомнеж дали Вашингтон ќе продолжи да ја поддржува Украина. Зеленски ги напушти и преговорите со САД.

Зеленски, кој разговараше со новинарите по самитот со европските лидери во Лондон, рече дека не мисли дека САД ќе ја прекинат помошта за Украина бидејќи, како „лидери на цивилизираниот свет“, тие не би сакале да му помогнат на рускиот претседател Владимир Путин.

Сепак, Зеленски рече дека е подготвен за сите предизвици што може да се појават.

„Во однос на спасувањето на врската, мислам дека нашата врска ќе продолжи“, изјави тој за новинарите по средбата во Лондон.

„Мислам дека не е правилно кога таквите дискусии се целосно јавни. Форматот на она што се случи, мислам дека не донесе ништо позитивно или дополнително за нас како партнери“, додаде тој.

Зеленски напомена дека се уште е подготвен да го потпише предложениот договор за минерали со Соединетите држави и дека верува дека и САД ќе бидат подготвени да го сторат тоа.

Би можело да ве интересира

Христофору: Зеленски доживува политички слом поради заладените односи со Вашингтон

Трамп се закани поради протекувањето воени тајни: „Треба да бидат стрелани“

Зеленски: САД им се заканиле на украинските генерали со прекин на размената на разузнавачки информации без мое знаење

Горан Наумовски

SpaceX, без најава, го ограничи Starlink за украинската војска

Републиканците се бунтуваат против Трамп, му испратија писмо

Катерина Ѓуровски

Канал 12: Нетанјаху му предложи на Трамп да ја обнови војната против Иран пред изборите