ВИДЕО: Трамп нарече глупак новинар кој го праша до кога ќе му попушта на Путин

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп го навреди новинарот на телевизијата МС Нау за време на прес-конференција во Белата куќа, нарекувајќи го „глупак“ и обвинувајќи го дека работи за „лажна телевизија“, откако новинарот го соочи со прашање за попуштањето пред Владимир Путин.

Новинарот го потсети Трамп дека во изминатите 22 месеца неколкупати му поставувал рокови на рускиот претседател за прекин на огнот и директна средба со Володимир Зеленски, но Москва постојано ги игнорирала. Тој го праша американскиот претседател до кога ќе продолжи таквото попуштање пред Кремљ.

Видно изнервиран, Трамп го избегна одговорот со контрапрашање дали Путин војува против САД, а потоа почна да ја оспорува гледаноста на телевизијата, го прекина новинарот и му даде збор на друга новинарка, упатувајќи му навреда:

„Каков глупак си ти“.

Контрапрашањето на Трамп дали Путин „војува против нас“ се однесуваше на конфликтот со Иран, но тврдењето дека Москва не дејствува против американските сили е во директна спротивност со информациите од теренот.

Веродостојни извештаи на американските медиуми, меѓу кои Си-Ен-Ен и Асошиејтед прес, претходно открија дека руските воени сателити редовно му доставувале на Техеран разузнавачки податоци за точните локации и движењето на американските сили, воени бродови и авиони.

Овие руски координати им овозможиле на иранските сили да изведат серија прецизни ракетни напади врз американски бази на Блискиот Исток, при што загинаа неколку американски војници, а десетици биле ранети.

Прашањето за попуштањето пред Путин ја погодува суштината на надворешната политика на Трамп, која во изминатите месеци се сведе на префрлање на целиот притисок врз Киев.

Додека рускиот претседател ладнокрвно ги игнорираше ултиматумите на Трамп и ги засилуваше нападите врз украинската енергетска инфраструктура, Белата куќа упорно ја условуваше Украина со воената и финансиската помош, туркајќи го Зеленски кон територијални отстапки и замрзнување на фронтот според руските услови. Во исто време, Вашингтон не презеде конкретни одмазднички мерки против Москва поради непочитувањето на договорите.

Дополнителен удар врз оваа стратегија беше и неодамнешниот неуспех на договорот меѓу Трамп и Путин за увоз на руски дизел, со кој администрацијата на Трамп очајнички се обиде да ги намали цените на горивата на американските бензински пумпи пред изборите.

Целиот аранжман, замислен како вовед во пошироко ублажување на санкциите кон Москва во замена за привиден прекин на огнот во Источна Европа, пропадна веднаш по тешкиот пораз на републиканците на конгресните избори. Вашингтон остана без договор и без најавеното олеснување на енергетскиот пазар.

Жестокиот испад пред камерите само ја откри растечката нервоза на Трамп по губењето на мнозинството во Конгресот и пропаѓањето на неговите надворешнополитички пресметки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Републиканец покрена импичмент на Хегсет: Можеби сега ќе ги нарекува луѓето дебели и пе*ери“

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Трамп сакаше шефот на УФЦ да биде портпарол на Белата куќа, го одби

ВИДЕО: Новиот шеф на Белата куќа е креатор на најконтроверзните политики

Катерина Ѓуровски

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин

(ВИДЕО) САД изведоа нови напади врз Иран. Трамп: Поставија некаков противвоздушен систем