Трамп се огласи откако Хамас не го исполни неговиот ултиматум: „Сега Израел нека одлучи што сака да прави“

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи откако Хамас денеска ослободи уште тројца израелски заложници.

Трамп не го заборави ултиматумот што му го даде на Хамас денеска до 12 часот. Тој претходно оваа недела рече дека сака Хамас дотогаш да ги ослободи сите израелски заложници и дека ако тоа не се почитува, „целиот пекол ќе се ослободи“.

„Хамас штотуку ослободи тројца заложници од Газа, вклучително и еден американски државјанин. Се чини дека се во добра форма! Ова се разликува од нивната минатонеделна изјава дека нема да ослободат ниту еден заложник“, рече Трамп.

Хамас ослободи тројца заложници: Ги изнесоа на сцена и ги покажаа на публиката, а еднаш им подари необичен „подарок“
Тој потоа се осврна на неговиот ултиматум, кој не беше исполнет:

„Израел сега ќе треба да одлучи што да прави во врска со рокот во 12 часот напладне, кој е наметнат за ослободување на СИТЕ ЗАЛОЖНИЦИ. САД ќе ја поддржат секоја одлука што ќе ја донесат!“

Би можело да ве интересира

Нетанјаху е подготвен да му ја препушти премиерската функција на Ајзенкот

А1он

Невремето на источниот брег на САД слабее, околу 300.000 потрошувачи и натаму без струја

Нова закана од Техеран: Иранската гарда вети одмазда за загинатите морнари

Израел размислува за уништување на клучната инфраструктура на Иран, се подготвува нов напад

(ВИДЕО) Невремето им го расипа празникот на Американците: Речиси милион луѓе без струја за Денот на благодарноста, авионскиот сообраќај во колапс

Најмалку деветмина загинати во израелски напади во Појасот Газа