Трамп: Расипаниот Бајден не доведе во вистински хаос со Русија

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп упати критики до својот претходник Џо Бајден во објава на социјалните мрежи.

„Расипаниот Џо Бајден нè внесе во вистински „хаос“ со Русија (и СИТЕ ДРУГИ!), но јас ќе не извлечам. Милиони луѓе умреа без потреба, за никогаш повеќе да не се видат… и многу други ќе умрат ако не го завршиме и потпишеме прекинот на огнот и конечен договор со Русија. Немаше да има ВОЈНА да бев претседател. Тоа едноставно, 100%, немаше да се случи. Исто така, немаше да има 7 октомври со Израел, повлекувањето од Авганистан ќе беше силно и гордо и немаше да биде најсрамниот ден во историјата на нашата земја, тоа можеше да биде момент на слава.

„Исто така, нема да има забележлива инфлација – наместо тоа, имавме рекордна инфлација што ја уништува земјата, каква што досега не сме виделе. Исто така, би имале непробојна граница, со многу малку илегалци кои влегуваат внатре. О, каква разлика направија наместени избори кај нас, а луѓето што ни го направија тоа треба да завршат во затвор! „БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ АМЕРИКА И ДА ЈА НАПРАВИМЕ АМЕРИКА ПОВТОРНО ГОЛЕМА“, напиша Трамп на Truth Social.

Оваа најава доаѓа откако се чека конкретен одговор од Русија дали ќе се согласи на 30-дневен прекин на огнот. За време на состанокот со американските претставници во Џеда, Саудиска Арабија, Украинците рекоа дека се подготвени да се согласат на прекин на огнот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп повторно воведува царини: Европа ги отфрла, за кина се „политичка манипулација“

Трамп се откажа од дел од понудата за Русија: „Стана јасно дека не се заинтересирани“

Трамп подготвува нови царини за ЕУ

NBC: Администрацијата на Трамп размислува за атентати врз ирански лидери

Путин: Ситуацијата на рускиот пазар на нафтени деривати моментално е тешка

Откриени трансакции: Трамп купувал и продавал акции на „Нвидиа“

Катерина Ѓуровски