Трамп ја смени в.д. министерката за правда, која се спротивстави на неговиот указ

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ја разреши вршителот на должноста министер за правда и генерален обвинител на САД, Сали Јејтс, само неколку часа откако таа си го дозволи крајно необичниот чекор да и се спротивстави на Белата куќа, пренесоа британските медиуми.

Јејтс, која на функцијата беше назначена од претходниот претседател Барак Обама, синоќа изјави дека нејзното министерство нема да ги почитува ограничувањата за граѓаните од седумте доминантно муслимански држави да влегуваат на територијата на САД, наметнати со претседателската извршна наредба (указ) на Трамп, затоа што таа ги смета за незаконски.

На Јејтс и останаа буквално неколку дена од функцијата, затоа што се очекува Сенатот да го утврди сенаторот Џеф Сешенс за нов министер за правда, предложен од Трамп. Сега, за овој краток период, Трамп назначи нов в.д. министер – обвинителот на источната област Вирџинија, Дејна Боенте.

Информациите за итната смена беа лиферувани од Белата куќа на Твитер. Во нив тврдењата на Јејтс се окарактеризираа како реторички и се посочи дека Трамп презел мерки во рамки на своите претседателски овластувања, потпишувајќи го указот.

– Овој случај е конкретна демонстрација за тоа колку е исполитизиран нашиот судски систем, изјави политичкиот советник на Трамп, Стивен Милер, во интервју за телевизијата МСНБС.

Според британските медиуми, на прсти можат да се избројат случаите од американската историја кога министер за правда официјално влегол во отворен судар со Белата куќа.

Вршителот на должноста министер за правда и генерален обвинител на САД, Сали Јејтс, на вработените во Министерството им дала инструкции да не го спроведуваат спорниот указ на претседателот Доналд Трамп за имиграциските забрани, изразувајќи сомнеж во законитоста на указот, пренесоа светските агенции.

Би можело да ве интересира

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена