Трамп: „Изгради ѕид и криминалот ќе падне“ е нов слоган на републиканците

Од:

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска на Твитер го претстави новиот слоган на Републиканската партија за наредните две години: „изгради ѕид и криминалот ќе се намали“, напишан со големи букви.

– ИЗГРАДИ ЅИД И КРИМИНАЛОТ ЌЕ СЕ НАМАЛИ! Ова е новиот слоган на Републиканската партија, за наредните две години, додека ѕидот не биде завршен. Користете го и молете се!, порача Трамп на Твитер, мислејќи на ѕидот на границата на САД со Мексико, кој, според него, треба да го спречи влезот на илегални мигранти на американска територија.

Слоганот го повтори уште еднаш на посебен твит, а претходно оцени дека постои „големо единство во Републиканската партија“.

– Сакаме еднаш засекогаш да се стави крај на криминалот и дрогата! Погранична безбедност и ѕид! Нема дилема!, напиша Трамп.

Би можело да ве интересира

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена