Трамп го смени шефот на царинската и граничната контрола

Од:

Претседателот на САД Доналд Трамп го смени шефот на Службата за царинска и гранична контрола Даниел Регсдејл и на негово место го назначи Томас Хоуман, изјави министерот за внатрешна безбедност Џон Кели, јави ТАСС.

Оваа Служба е под контрола на Министерството за внатрешна безбедност, раководено од Кели, кој изрази увереност дека Хоуман, кој има 33 – годишен стаж во органите на прогонот, одлично ќе работи на оваа функција.

Не се соопштени причините за промената на Регсдејл, но се претпоставува дека тоа е поврзано со проблемите што се создадоа од указот на Трамп за ограничување на миграцијата во САД.

Би можело да ве интересира

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена