Трамп го повика Малер да не сведочи во Конгресот

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп во порака на Твитер порача дека специјалниот обвинител Робарт Малер не треба да сведочи во Конгресот.

Комисијата за правосудство на Претставничкиот дом закажа сослушување со Малер планирано да се одржи на 15 мај. Првиот човек на истрагата за вмешаноста на Русија во изборите во 2016 година и наводниот заговор на Трамп со Москва, засега нема потврдено дали ќе присуствува на сослушувањето.

– Зошто им е на демократите во Конгресот Робарт Малер? Дали тие сакаат се да преиначат затоа што не им се допадна заклучокот дека не постоел заговор, напиша Трамп на Твитер.

Тој уште еднаш повтори дека немало никаков заговор, ниту пак попречување на правдата, а дека злосторство направиле демократите.

– Роберт Малер не треба да се појави на сослушување. Не треба да им се дозволи на демократите се да преиначат, изјави претседателот.

Заклучокот од двегодишната истрага на специјалниот обвинител е дека Трамп не соработувал со Русија за вмешаност во изборите но дека од негова страна имало повеќе обиди за попречување на истрагата.

Токму тој дел од извештајот е ставен на увид од демократите во Конгресот кои бараат сведочење на клучните лица како државниот обвинител Вилијам Бар и истражителот Малер, за да се покрене можна постапка на импичмент на Трамп.

Би можело да ве интересира

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

СДСМ на конгрес ќе ја потврди претседателската кандидатура на Пендаровски

А1он

Лидерите на американскиот Конгрес постигнаа договор за финансирање на владата до март

ВИДЕО: Морничава сцена на плажа, исчезна пред 2 недели, водата го исфрли масакрираното тело

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Америка блокада на воениот брод кој носи оружје за Израел: Престанете со убивање луѓе

Предраг Петровиќ

Русија против американската резолуција за Израел и Газа во ОН